Денеска падна веб сајтот на македонската влада.
Сите што се обидуваат да го отворат добиваат информација дека сајтот не е достапен, дека се чека премногу долго за негово отворање и дека се проверува конекцијата.
На Фејсбук и Твитер профилите на владата нема никаква информација зошто е паднат сајтот на владата и дали евентуалните напаѓачи преку сајтот успеале да влезат во стратешки важни дата бази на владата.
Ова не е прв пат да паѓа сајтот на македонската влада.
Последен пат тоа се случи лани на 20 февруари додека технички премиер беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Јавноста тогаш не беше информирана што се случило со сајтот.
Последно паѓање на важна институција беше на 15 јули 2020 година кига падна сајтот на ДИК на која беа објавувани изборните резултати.






