Георгиевски доби лекција по историја – Експремиерот се извини (ВИДЕО)

Професорот Далибор Јовановски од катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Скопје го натера експремиерот Љупчо Георгиевски да ги повлече дел од неговите тврдења за македонската историографија и начинот на кој историчарите во Македонија ги третираат историските факти.



По краткиот час по историја на Јовановски на емисијата Стадион со Столе Наумов на Канал 77 експремиерот кој е историчар по образование се извини за своето непознавање на македонската историографија.

Професорот Далибор Јовановски е водечки македонски историчар експерт за Грција и е член на мешовитата комисија со јужниот сосед.

Што содржеше часот по историја за Георгиевски и како тој се извини во видеото на Канал77.