Ќе реагира ли Маричиќ за кршење мерки од затворска управа?

Затворската управа на затворот во Гевгелија на Фејсбук објави прослава за 8 март на која во државна институција се кршат мерките против Ковид-19 кои се однесуваат на собирање особено во затворен простор.



На фотографијата се гледа дека присутните седат на помалку од 1 метар без да ги почитуваат мерките на владата.

Инцидентот се случува на денот кога владата најави полициски час од 22 до 05 часот наутро.

Во врска со инцидентот од министерот за правда Бојан Маричиќ во чиј ресор се затворите се бара да ги санкционира функционерите од затворот во Гевгелија.