Полициски час и за викенд, најави Филипче!?

Полицискиот час кој го предлага Комисијата за заразни болести може да трае најмалку две недели, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој на денешната седница на Кризниот штаб предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на позитивни на ковид-19.



„Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени.

Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка“, рече Филипче кој додаде дека оваа мерка ќе трае две недели, вклучувајќи ги и викендите.