Поранешниот пратеник Павле Богоевски објави вест дека „додека Сашо Мијалков бил во бегство, му испратил смс-порака на Геро“. Лажната вест Богоевски ја надградил со прашање „дали Героски ја пријавил пораката и комуникацијата со лице кое тогаш било недостапно за органите на прогонот во надлежните институции“.
„Вештачењето на пораката може да укаже на локацијата од која е пратена. Дали евентуалното непријавување на таквата комуникација може и треба да се смета за помагање?“, праша Богоевски во вчерашниот статус.
Но, како што пишува Плусинфо, откако Героски му обрна внимание дека станува збор за лажна вест и му испрати линк до интервјуто на Канал 5, во кое такво нешто воопшто не е спомнато, доцна синоќа, во приватна порака до новинарот, Богоевски напиша и посебен пост со извинување, но не ги повлече клеветничките наводи од претходниот.







