47-годишен скопјанец фатен и уапсен со над 500 пакувања марихуана на граничниот премин „Богородица“. Дрогата ја носел од Косово, преку Македонија во камион со приколка, камуфлирана меѓу отпадна хартија. Полицијата го застанала во моментот кога сакал да ја премине границата со Грција, синоќа во 21 часот и 30 минути, а крајна дестинација била Турција. Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра.
Во друга акциј, полицијата запленила уште околу 93 килограми марихуана во близина на границата со Грција. Приведени се 24 и 28 годишни жители на село Селемли на југот од земјава кои биле фатени во возило „шкода“каде ја чувале марихуаната. И покрај обидот да избегаат, полицијата ги фатила. На расчистување на овој случај работи и полицијата на Грција, соопштија од МВР.






