Нова анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има за речиси два отсто поголема поддршка од владејачката СДСМ, покажува анкетата која ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.



На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?“ 23,1 % од граѓаните рекле ВМРО-ДПМНЕ, 21,2 % за СДСМ, 6,9 % за ДУИ, 1,1 % за БЕСА, 5,9% за Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, 4,4% за Левица, а 3,9% за друга партија.

За ниедна не би гласале 11,9% од граѓаните, 10,2% не сакале да одговорат на прашањето, а „не знам“ одговориле 11,4%.

ИПИС спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 1 и 4 март 2021 на 1109 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваат своите ставови за нивната поддршка за политичките партии.