Заев тргува со позицијата на ДУИ во владата, Груби без функцијата?! (ВИДЕО)

Понудата на премиерот Заев за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ значи дека своите позиции во владата ќе ги загуби сегашниот главен партнер ДУИ.



Заев во интервјуто за Слободен печат вели дека по урнек на Швајцарија која партија ќе победи ќе го даде премиерот и ќе добие 5 министерства а втората ќе добие 4 министерства.

Заев не спомне што во тој случај на поделба на власта со ВМРО-ДПМНЕ ќе стане со министрите на ДУИ и вицепремиерот Артан Груби кој сега се претставува како прв вицепремиер односно премиер со врзан потпис.

ДУИ засега е без реакција на предлогот на Заев.