„Многу спинови за дефокус од клучното прашање – до каде е истрагата за бегството на Сашо Мијалков“, реагира на Фејсбук професорка и екс министерка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски по „прашината“ што се крена околу несреќниот избор на македонски амбасадор во САД и изјавата на Османи дека нема ништто против во македонскиот Устав да влезат и Бугари како етничка група.
„Ако некој мисли дека со “најпопуларните” вести за наводната “амбасадорската трка на Фрчковски” и “провокациите од Османи” за наводна промена на Уставот ЌЕ ГО ПОКРИЕ ИНТЕРЕСОТ “За одговорноста” за привилигираниот преговарачки и ексклузивен третман на Сашо Мијалков ГАДНО СЕ ЛАЖЕ.
И не се плашите од Сашо, тој е во затвор – ќе остане таму подолго од што се навива. Тоа за среќа е надвор од дометот на другарка му Вилма, нејзините “лични извори” и сите други знајни и незнајни “јунаци”. Работите, за да не ве сработат“, напиша Фросина Ременски на својот фејсбук профил.






