Лажеш, залутан, мрш, имаш ли срам, неспособни…. :Тешки моменти за Филипче

Обид на министерот за здравство Венко Филипче да каже дека има и полоши земји од Македонија во врска со вакцините предизвика стотици коментари кои се тешки за читање.



Граѓаните со доминантно негативни коментари во кои неретко и го навредуваат за неговата и неспособноста на владата.

Дел го обвинуваат Филипче дека дава лажни информации за Австрија и Германија, земји кои тој ги споменува обидувајќи се да каже дека таму има мал процент на вакцинирани.

“Околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација, во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини. Состојбата е толку неизвесна и толку флуидна што секој ден имаме нови информации, променети рокови или количини и тоа е така секаде во светот.

Европските земји имаат навистина мал опфат 2,5% вакцинирани во Австрија, под 5% вакцинирани во Германија, во Универзитетската болница во Франкфурт од 8000 вработени, вакцинирани се само 500.

Целиот овој период отворено и транспарентно споделувавме информации, онака како што ги добивавме од производителите на вакцини”, изјави Филипче во постот кој ги испровоцира граѓаните да му напишат многу неубави работи.

“Јас да сум на ваше место од срам би се скрила и ич не би искачила дур не дојдат вакцини за 50 посто од население”, пишува една граѓанка.

“Со земјите од Африка е оваа споредба?”, пишува друга вознемирена жена.

Сите коментари меѓу кои има и многу навредливи можат да се прочитаат на овој линк

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2633410713632612/