Црвено црните дојдоа до рутинска победа против Победа (4-0) во средба од второто коло од нашата Прва лига и со дополнително подигнат морал одат за Истанбул на реванш мечот од плеј оф рундата во Лига Европа. Скопјани денеска во Ѓорче Петров славеа со голови на Барсегјан и Којашевиќ во првото полувреме и со погодоци на новакот Итало и Фелипе од пенал во продолжението.
Фенербахче пак, е во големи проблеми зошто по поразот во Скопје од 2-0 денеска одигра само 2-2 со Трабзон и тоа на домашен терен. Црно жолтите од Шукру Сарачоглу стадинот два пати бркаа водство на противникот, а погодуваа Потук и Валбуена од пенал. Треба да се истакне дека за Фенер како стартер играше и нивната најголема ѕвезда Робин Ван Перси. Еве ја видео сторијата од Истанбул.
https://youtu.be/pur8o6UJg-E





