Фрчкоски тужи новинар кој тврди дека тој е мозокот зад атентатот врз Глигоров (ВИДЕО)

Несудениот кандидат за амбасадор во САД Љубомир Фрчкоски пред скопскиот суд кој се занимава со граѓански спорови повеќе од една година води процес против новинарот Љубомир Гајдов за клевета и навреда.



Фрчкоски го тужи Гајдов затоа што на промоција на книга на Стојан Андов која ги опишува состојбите во Македонија по атентатот врз Глигогов, тврдел дека екс министерот за внатрешни работи во времето на атентатот бил мозот на целата операција.

Пред тужбата и судскиот процес кој трае веќе две години Фрчкоски во многу наврати бил гостин на емисиите и интервјуата на доајенот на македонското новинарство Гајдов.

Информациите за Фрчкоски, Гајдов ги добил од високи извори во Вашингтон.

Шефот на собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски најави дека Фрчкоски ќе биде одбиен за македонски амбасадор во САД поради тоа што не може да добие безбедносен сертификат од НАТО.

Целото видео во кое Гајдов ги цитира податоците за Фрчкоски како мозок зад атентатот врз Глигоров во продолжение.