Професорката Тања Каракамишева вели дека изгласаната доверба на владата била манипулација за дефокусирање на јавноста од страна на премиеротЗоран Заев.



„Гледам многу реакции околу “довербата” на Владата на Заев?! Не ми е јасно зошто толку “пецање” на неговиве маалски финти. Не го научивте? Та и тие кои гласаа, та и ние кои сме принудени да ги гледаме неговите турски серии. Не им влегувајте во филмот. Филмот е наменет за дефокус!

Информирајте се, член 92, став 5 од Уставот е прецизен и јасен и вели: “Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба на Владата, освен АКО ПРАШАЊЕТО ЗА ДОВЕРБА ГО ПОСТАВАТ МНОЗИНСТВОТО ОД ВКУПНИОТ БРОЈ ПРАТЕНИЦИ”.

Театарот на Заев е лево ќоше на неговата тотална неспособност!