Министерот за здравство Венко Филипче со оптимистичка најава дека вакцините од Русија, Спутник V, можно е да се случи да пристигнат во земјава уште во текот на викендов.



Во синоќешната емисија „И што сега“ на МРТВ, тој истакна дека не постојат никакви пропусти во административните процедури од македонска страна, напротив, како што рече, набваката на вакцини во цел свет оди тешко, околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација, во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини, пренесе Фактор. 

„Ги очекуваме вакцините преку КОВАКС системот, и ги очекуваме и руските вакцини имаме иницијална најава од денешните состаноци дека тоа може да се случи викендов. Но потенцирам дека сега имаме искуство, и сите земји имаат искуство, сите се соочија со тоа, односно тоа што иницијално им беше ветено и укажано од компаниите едноставно не се случи. И механизмот на солидарност на земјите членки на ЕУ не профункциниора токму поради тоа“, рече министерот.