…
Денес, Србија е многу послаба од Бугарија, и воено и економски, но и во однос на нејзината позиција на меѓународната сцена. Затоа, на прв поглед, изненадува зошто за една земја-членка на НАТО и ЕУ, како што е Бугарија, е толку тешко да се измести српското влијание од земја како с. Македонија, во која сите историски личности и мнозинството од населението има заедничка историја со Бугарија.
Ова ,во својата анализа го пишува сопственикот на сајтот „Лајм прес“, Феизи Хајдари, а го пренесува БГНЕС.
Според Хајдари, предноста на Србија во Македонија е силната „инфраструктура“ што ја инсталирала, како во политиката, така и во економијата. Тоа е инфраструктура што се „храни“ и може да функционира независно кога Центарот (Белград) е зафатен со други проблеми. Организацијата на оваа инфраструктура создава лажна слика дека просрпскиот југословенизам е автохтона локална идеологија, а не обратно.
Друга предност на Србија – и можеби најважно, се човечките ресурси што ги наследи од времето на Југославија, па дури и од времето на Кралството Србија. Многу соработници старееле и се пензионирале, многу дури починале, но вакуумот го пополнуваат нивните синови и ќерки.
Заедно со нивните внуци.
Тие се подготвени да напредуваат каде и да биле нивните татковци и дедовци. Кога станува збор за патриотизам (со зборови, а не со дела), тие се први.
Кога станува збор за „мултикултот“, ќе ги најдете и таму. Тие навлегоа во секоја пора во општеството, бидејќи теренот е подготвен од алужбата што ја служеле нивните предци.
Можете да дознаете дека тие имаат позиции на директори, заменици директори, заменици министри, како и министерски фотелји.
Тие не прават ништо – тие само се држат до „линијата“ на нивните предци и нивниот успех е загарантиран.
Но, времињата малку се сменија. И покрај предностите што ги има Србија во Македонија, овој пат Бугарија изгледа решителна. Таа нема намера да го ослободи протисокот и тоа го покажува отворено и недвосмислено.
Историски гледано, Србија никогаш немала никаква врска со Македонија (освен како агресор), па и денес нема што да бара тука“ пишува Хајдари како што пренесува БГНЕС.





