Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, го коментира вчерашното гласање доверба на Владата, побарано од премиерот Зоран Заев.
„Владата вчера покажа две работи: прво, дека нема доверба во своето мнозинство и, второ, дека се плаши од она што ќе го изнесе опозицијата во дебатата за доверба на Владата. Од таа причина, ние костатираме дека вчера Владата насилно ги донесе сите пратеници. Жално е што донесоа во Собрание и пратеници со доста тешка ситуација дома, што нема ни логика, ни елементарни човечки вредности. Од друга страна, го искористи членот од Деловникот за да го злоупотреби правото на опозицијата да даде свое мислење за недостатоците на Владата во овие шест месеци“, изјави Реџепи.






