САД ветија дека повеќе нема да уриваат режими во странство

Вашингтон повеќе нема да урива режими низ светот и со сила да наметнува демократија, бидејќи тоа не носи резултати, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.



„Нема да наметнуваме демократија со скапи воени операции, ниту со сила да уриваме авторитарни режими. Ја пробавме во минатото таквата тактика и, колку и да имавме добри намери, тоа не даде резултати“, рече тој.

Според зборовите на Блинкен, САД тоа ќе го прават поинаку – со сопствениот пример и со поттикнување на реформи и демократија.