Каракачанов им го честита 3 Март и на политичарите во Македонија, а посебно на родното село на Заев!

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов им го честита државниот празник 3 Март – Денот на ослободувањето на Бугарија (од Отоманското царство) и на политичарите во Македонија, а посебно на жителите на Муртино, родното село на премиерот Зоран Заев!



„Го користам поводот да им го честитам празникот и на политичарите во Северна Македонија, зошто 3 Март е празник на сите Бугари, кои тогаш биле во една држава“, изјави Каракачанов, нагласувајќи дека „откако Бугарија е поделена од големите сили, токму Бугарите од Македонија востанале и го кренале Кресненско-разлошкото востание за да ја востановат и зачуваат Санстефанска Бугарија“.

„Во бугарското ‘ополчение’ (доброволни чети – н.з.), по целиот негов пат од Дунав до Едрене за време на Руско-турската војна има стотици Бугари од Македонија, од кои многумина загинуваат и на Шипка, и во борбите за Стара Загора итн. Од родното село на г-дин Заев исто така има ополченец, така што честит празник и на нив“, додаде тој по церемонијата на кревање на националното знаме пред споменикот на Незнајниот јунак во Софија.