Мицкоски: Бидете спокојни, владата е на апарати за дишење

Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешното гласање за доверба на владата во парламентот.



“Заев е мафијаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби”, најавува Мицкоски кој смета дека тоа што Заев ја користи состојбата на неговата изолација поради заразата со ковид вирусот, нема да го спаси од паѓање на Владата.

“Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро!”, порачува Мицкоски.