Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, денеска побара парламентот да гласа за доверба на Владата.
„Ова е моментот кога треба да видиме колку може да ѝ се верува на опозицијата која постојано тврди дека ќе ја урне Владата и ќе формира ново мнозинство. Со лажни вести и блокади се создава политичка несигурност. Нема да го дозволам тоа“ рече премиерот како што пренесе 360 степени.
Според член 92 од Уставот, доколку на Владата ѝ биде изгласана доверба, истото прашање не може да се постави во наредните 90 дена. Во случај, пак, да ѝ биде изгласана недоверба, Владата треба да поднесе оставка.
рече Заев.






