Владата ги демантира информациите од ДУИ чии функционери се пофалиле дека на последната владина седница било одлучено да се субвенционираат вработување Албанци во приватните компании.
Според портпаролот на Владата од СДСМ Душко Арсовски при имплементација на мерките за зголеменото вработување се опфатени сите граѓани.
На прашање на ТВ Алсат М дали вицепремиерот Артан Груби е во право дека ДУИ го исполнила своето предизборно вработување за вработување на Албанци во приватни фирми владата ги демантира овие информации.
Портпаролот на владата од ДУИ Мухамед Хоџа молчеше за поставеното прашање.
Според Алсат во планот на владата 4 пати се потенцираат Ромите и сите етнички заедници но Албанците не се споменати посебно.
Дополнително оваа мерка ќе важи само за компании кои аплицираат за помош од државата.
Според Алсат и утринава вицепремиерот Артан Груби се пофалил дека ДУИ го исполнило верувањето од изборите дека приватните компании ќе мораат да вработуваат Албанци.
Во видеото од владата по 8 минута






