Македонија продолжува да се бори со корупцијата и додека медиумите и граѓанското општество се вклучени во интензивниот јавен дискурс, новинарите и активистите се соочуваат со притисоци и заплашувања.
Ова се дел од оценките во најновиот извештај на меѓународната организација, Фридом хаус „Слободата во светот 2021 година: Демократијата под опсада“, а во кој Северна Македонија е оценета како делумно слободна земја, пренесува Гласот на Америка.
Годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени, што е за три поени напредок од лани, а Макдонија е сместена со друштво на Боливија, Малави и Албанија.

Во повеќето сегменти, како што се транспарентноста, слободата на изразување, корупцијата Северна Македонија ги задржува ланските средишни оценки. Напредокот, пак, од по некој поен, е во делот за изборите, за формирањето на владата и за, како што се истакнува, намалените опструкции во работењето на парламентот, пренесува Гласот на Америка.





