Партнерот на Заев тврди: Делчев, Груев, Карев… биле бугарски егзархиски учители

Екс премиерот и коалиционен партнер на СДСМ Љубчо Георгиевски тврди дека Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче Петров и Никола Карев биле учители на бугарската егзархија.



“Факт е дека ние тоа го криеме во македонската историја. Во македонската историја се вели дека се учители, а не дека се учители на бугарската егзархија“, изјави Љубчо Георгиевски во емисијата „24 Анализа“.

Георгиевски додава дека Кузман Шапкарев е основач и прв директор на бугарската машка гимназија во Солун.

„Ние имаме фактографски податоци за многу важни личности кои едноставно ги криеме, не ги кажуваме“, вели Георгиевски.

Георгиевски посочува дека Бугарија треба да избере 15-тина личности кои ќе си ги слави.

„Најпростиот комита пишува на официјален бугарски јазик. Најпростиот комита што знае да пишува, пишува на бугарски, не на македонски“, рече Георгиевски.

Според Георгиевски сите документи на ВМРО не се пишувале на македонско наречје туку на бугарски јазик. Гоце Делчев никогаш не пишувал на македонски јазик, вели екс премиерот, пренесува Курир.

Георгиевски пред неколу дена предложи план од 5 точки со кој треба да се реши спорот со Бугарија кој беше отфрлен од јавноста а од него се огради дури и СДСМ.