Заев по 45 месеци на власт ќе ги демонтира режимските остатоци (ВИДЕО)

Премиерот Заев најавува дека 45 откако ја презеде власта целосно ќе ги демонтира “режимските остатоци”.



Во најавата на планот за битка против корупцијата Заев кратко објасни дека планот ќе се однесува на санкционирање на корупцијата во владата и веднаш потоа одржа цело политичко предавање за остатоците од владата која ефективно владееше до крајот на 2016 година.

Заев подоцна зборува и за мерки кои се однесуваат на владини актери но интересно е што фокусот го става на поранешна влада чии наводни остатоци оваа влада можеше одамна да ги демонтира.

На прес конференцијата зборуваше и вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски Храбри кој се пофали дека Владата носи политики за ред, правда и дисциплина а граѓаните наскоро ќе ја виделе разликата.

Цели 6 месеци по изборите Николовски најавува дека допрва ќе се подготвува Закон за потекло на имот што беше едно од главните ветувања на изборите на СДСМ.

Видео од прес конференцијата на Заев и Николовски