Слаѓан Антиќ од Врање примил две дози од различни производители на вакцини.
Според порталот ИнфоВрањска, најпрво добил Фајзер, а потоа бил ревакциниран со кинеската вакцина Синфоарм.
Тој летото бил во болница две недели поради компликации со вирусот корона, а по совет на лекар реши да прими вакцина Фајзер на 28 јануари.
По извесно време добил СМС-порака со одреден термин за да ја прими втората доза.
Отишол , ја дал картичка за вакцинација, влегол во кабина бр.3 разговарал со доктор, во меѓувреме, доаѓа сестра, и му дава – вакцина.
Шок настанува кога лекарот му вели да не се грижи бидејќи „кинеската вакцина добро штити“.
Настанува општа конфузија, го препраќаат во Здравствен дом, па во Институт за јавно здравје…добил некаква терапија, но сега вели дека има реакции…дека ќе бара правда на суд.
Директорката на Здравствениот дом во Врање, д-р Лилјана Антиќ, за Телеграф.рс вели дека веројатно се случило Слаѓан да влегол во погрешна кабина, но според неа „не би требало да има никакви последици“.
Формирана е комисија која треба да ги испита сите околности на овој настан. Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, за ТВ Прва изјави дека Министерството ќе спроведе и внатрешен и надворешен стручен надзор и дека лицата кои го вакцинирале Антиќ ќе бидат „строго“ санкционирани.






