Топалов за Македонија: АСНОМ е нивниот србокомунистички „Отечествен фронт“!

Бугарскиот историчар на литературата и член на Мешовитата комисија со Македонија за историски и образовни прашања Кирил Топалов со нова канонада напади врз македонските позиции и навреди.



„Фактот дека ние со граѓаните на РСМ разговараме без преведувач зборува доволно јасно за карактерот на овој вештачки создаден ‘јазик’, со декрет пред 75 години. Нашите лингвисти и дијалектолози одамна го дефинирале како регионална книжевна норма на бугарскиот јазик. Веќе седум децении тие вложуваат сериозни напори да го дистанцираат својот ‘јазик’ од бугарскиот, воведувајќи многу србизми и зборови од европските јазици, но тоа се осудени напори. Јазикот е најконзервативниот и жилав дел од културата на еден народ и кој му вади нож треба да се сети на кажаното од дедо Вазов за непријателите на бугарскиот јазик:

„Фактот дека ние со граѓаните на РСМ разговараме без преведувач зборува доволно јасно за карактерот на овој вештачки создаден ‘јазик’, со декрет пред 75 години. Нашите лингвисти и дијалектолози одамна го дефинирале како регионална книжевна норма на бугарскиот јазик. Веќе седум децении тие вложуваат сериозни напори да го дистанцираат својот ‘јазик’ од бугарскиот, воведувајќи многу србизми и зборови од европските јазици, но тоа се осудени напори. Јазикот е најконзервативниот и жилав дел од културата на еден народ и кој му вади нож треба да се сети на кажаното од дедо Вазов за непријателите на бугарскиот јазик: ‘И со ударот на твојата убавина ќе ги казнам твоите богохулници!’ И покрај сè, нашата држава им го признава и државниот, и јазичниот идентитет по 1944 година. Но, до создавањето на таа држава со одлука на Коминтерната и на Титова Југославија и до прогласувањето на овој ‘јазик’ со декрет на АСНОМ – нивниот србокомунистички ОФ – овој народ и неговиот јазик се бугарски. Во текот на 1944 година во неговата азбука беа внесени голем број српски букви, а исто толку бугарски беа отфрлени. Со најголем бес беше исфрлена буквата ‘ъ’, со омраза наречена ‘бугарска’ и така ‘Българите’ според српски модел станаа ‘Бугари’, а нашата држава ‘Бугарија’. Зарем не чувствувате колку овие форми звучат грубо, презрено и навредливо?“, вели Топалов во интервју за бугарскиот весник „Труд“.

Прашан со кои барања на македонските колеги никогаш нема да се согласат, тој одговара: „Вие ќе се согласите ли со тврдењата, на пример, дека во средновековието немало бугарски народ, туку ‘македонски’, дека светите браќа Кирил и Методиј не се Бугари, туку ‘Македонци’, и оти создале забука не на бугарски, туку на ‘македонски’ јазик, кој подоцна преминал во другите словенски народи, вклучувајќи го и бугарскиот, дека Цар Самоил создал голема и моќна ‘македонска’ држава и ги заробил ‘Бугарите’, Србите, Албанците, Грците и други, дека Гоце Делчев не е Бугарин, туку ‘Македонец’, дека браќата Миладинови, Григор Прличев, Рајко Жинзифов и уште низа наши преродбеници се ‘Македонци’, а не Бугари итн., итн.? Целата историографија им е изградена врз лаги и несовесни фалсификати на историски факти“.