Седум лица починаа, а 234 се новозаразени со ковид-19,

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 новозаразени од скоринавируас.



Регистрирани се 274 оздравени пациенти.

Починаа аедум пациенти: по двајца пациенти од Скопје од кои еден е 68-годишен странец хоспитализиран во Скопје и еден 86-годишник, двајца пациенти со по 71 година од Крушево и по еден пациент од Тетово (62), Прилеп (85) и Пробиштип (71). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.