Чешкиот премиер Андреј Бабиш најави дека можеби ќе започне со употреба на руската вакцина во Чешка и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).
На 10 февруари, тој рече рече дека Чесите ќе почекаат одобрување од ЕМА пред да започнат да ја користат вакцината, а сегашната неговата изјава дека не може да се чека доаѓа откако ситуацијата во земјава се влоши последните неколку недели поради брзото ширење на новите мутации на коронавирусот.
Бабиш смета дека е доволна дозвола од чешкото регулаторно тело за лекови, кое ако ја одбори ќе може да се започне со вакцинацијата со „Спутник V“.
Toj потсети дека Унгарија, покрај руската ја набави и кинеската вакцина на „Синофарм“, иако ниту една не е одобрена од ЕМА.
Медиуми пренесуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан примил токму руска вакцина.





