Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, предупредува на опасноста од „реформите“ на УКИМ со кои престануваат да постојат катедрите за македонски јазик и македонската книжевност.
„Последниот удар, во името на Конески, што се подготвува да се направи на Филолошки факултет кој го носи името на Блаже Конески, се „реформите“ на факултетот со кои престануваат да постојат катедрите по македонскиот јазик и македонската книжевност.
УКИМ, МАНУ и други институции се формирани заради македонскиот јазик и македонската книжевност. Пораката што се праќа со укинувањето на двете македонски катедри и дома и надвор е јасна. Тоа ќе предизвика, што го знаат подобро поупатените од мене, лавина непопуларни реакции во светот по однос на македонистиката, што ќе резултира во гаснење на многу катедри/отсеци ширум светот каде што се учат македонскиот јазик и книжевност.
Не верувам дека овие зборови ќе допрат до некого, но јас сакам да ги изречам“, порачува првиот чоек на МАНУ.





