Христијан Мицкоски позитивен на Ковид-19

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук профил денесека објави дека по првични полесни симптоми, направил тест кој покажал дека е позитивен на вирусот Ковид-19.



„Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина“ – порача Мицкоски.