Порталот „360 Степени“ јавува дека само актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев, поднел кандидатура за нов мандат како претседател на партијата, на внатрепартиските избори кои ќе се одржат на 21 март.
Тој вчера до седиштето на партијата поднесе кандидатура и програма за новиот мандат.
Право на глас ќе имаат близу 70 илјади члена, кои го обновиле членството во партијата, или се зачлениле во СДСМ.
Пред две недели Зоран Заев ја коментирааше најавата на Бојан Јовановски -Боки 13 дека , наводно, ќе се кандидира за претседател на СДСМ.
„Прво треба да си направи реевиденција да биде член, после тоа да има најмалку 5 години членство во СДСМ, не знам дали го ажурирал членството“, изјави тогаш лидерот на СДСМ, Зоран Заев.





