„Кралица на попот“, го прослави својот роденден во Италија со нејзините пријатели и семејство, по што таа ги постави снимките и фотографиите на Инстаграм и ги сподели со нејзините многубројни фанови. Пејачката прва ја објави семејната слика на социјалните мрежи со нејзините синови и ќерки: Роко (17), Дејвид (11 ), Лурд (20), Мерси Џејмс (11) и близнаци Естер и Стела (4).




Мадона својот 59. роденден го прослави во италијанскиот град Лече. Роденденската забава беше во римски стил, а пејачката носеше костум со разнобојни корсети. Сите ќерки и беа облечени во исти фустани од Dolce & Gabbana, a нејзините синови носеа шарена облека. Прославата на Мадона траеше две ноќи, а на останатите слики на Instagram, доминираа нејзините пријатели, вклучувајќи го и дизајнерот на Живанши Рикардо Тиски (43).