Новинарот и политички аналитичар Сашо Орданоски во коментар за недостапноста на Сашо Мијалков цели 44 часа ја дава најоргиналната дефиниција на бегството на екс шефот на УБК.
Во дебатна емисија на Телма, Орданоски, кој вели дека инсистира да се користат огради при квалификувањето на однесувањето на Мијалков, вели дека човекот не се криел, туку дека немал потреба да се појави.
Притоа Орданоски индицира дека Мијалков се криел во вила на Водно каде што живеел виден адвокат.
Во дебатата Орданоски во неколку наврати жестоко ја критикува опозицијата за нејзиното однесување а кога го прашуваат за однесувањето на власта во врска со скандалот Мијалков тој вели дека оценката за неа ќе ја дадат граѓаните на избори.
Во видеото на Телма по 40 минута:
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/1001438693721613/
Еднаш вака, друг пат така






