Билансот од денешниот протест за пресудите во повтореното судење за случајот „Монструм“ е седум повредени полициски службеници и најмалку осум приведени демонстранти, потврди Министерството за внатрешни работи.
Полицајците се повредени од камењата, дрвата, металните предмети и бекатон-плочките што врз нив ги фрлаше толпата запрена од полициските сили кај „Мавровка“.
Од МВР велат дека во тек е идентификацијата и на другите прекршители на јавниот ред и мир на протестот за пресудите на обвинетите за убиството на петтемина кај Смилковско Езеро на Величетврток во 2012 година.





