Знаме на „Голема Албанија“ на протестот за „Монструм“

На протестот за пресудите од повтореното судење за случајот „Монструм“ се вееше и знаме на „Голема Албанија“, во која е вклучен и западниот дел од Република Македонија.



Од организаторот нема објаснување што бара ваков детаљ во иконографијата на протестот, а од полицијата зошто не е одземено и не е постапено против лицето што го развеа, предизвикувајќи национална омраза и нетрпеливост.

За разлика од обележјата на големоалбанската идеја, полицијата му пиша пријава на Жарко Масларковски од групата „Пука козметика“ за носење на својот грб на македонското национално знаме и државно знаме од 1992 до 1995 година со 16-кракото сонце од Кутлеш на прославата на втората европска титула на ракометарите на Вардар на 2 јуни 2019 година пред Собрание.

На 10 февруари судењето и по петти пат беше одложено, сега за 26 април.