Започнаа протестите за пресудите во случајот„Монструм“ во кој за убиството на 4 мимчиња и еден рибар во амрил 2012 на Велики четврток беа изречени тридоживотни казни.



Протестниот марш започна од паркот Чаир, а треба да заврши пред Владата на Северна Македонија.

Учесниците во протестот се движат под слоганот „Слобода и правда“

Граѓаните повторно порачуваат судот и другите надлежни институции да ја утврдат вистината и да ги казнат вистинските виновници за случајот познат и како „Монструм“.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.