По новите информации на Јавното обвинителство за Сашо Мијалков обвинителката Ленче Ристовска бара Сашо Мијалков од домашен притвор да замине во затворски притвор.
Обвинителката Ленче Ристовска откри дека од МВР добила известување дека нема можност за видео и електронски надзор на домашниот притвор но и за поседување на пасош и возила на негово име во странска држава.
Во барањето на притворот Ристовска ја спомена и имотната состојба за која достави финансиска состојба на неговите фирми.
Според одбраната на Мијалков вината за тоа што МВР не може да биде во 24 часовен надзор не е негова вина туку на државата која не го спроведува законот за кривична постапка.
Одбраната тврди дека судот и обвинителите предходно знаеле дека Мијалков има значителен имот и може да се крие со што не е исполнет условот за негово одење од домашен во затворски притвор.
За барањето на Ристовска одлука треба да донесе скопскиот кривичен суд каде претседател е Иван Џолев човекот што пред два дена беше на состанок кај премиерот Зоран Заев по што според Русковска од ЈО побарал да ја повлече жалбата за одлуката за домашен притвор на Мијалков.





