Скок на бројот на новозаразени од Ковид-19, пробиена границата од 100 илјади

Со зголемување за речиси една третина на бројот на новозаразени со коронавирус за едно деноноќие, Македонија ја проби границата од 100 илјади позитивни случаи од почетокот на епидемијата.



Во последните 24 часа во државава од 3.342 тестирања се регистрирани 725 нови заболени, 216 во однос на претходниот ден, со што вкупната бројка достигна 100.632.

Починати се 13 лица, од кои по четири пациенти од Скопје (85, 78, 72 и 64 години) и од Куманово (70, 63, 57 и 50) и по еден пациент од Тетово (66), од Прилеп (72), од Битола (71), од Велес (75) и од Пробиштип (83).

Вкупниот број на смртни случаи се искачи на 3.098.