Двократниот европски ракометен првак Вардар по повеќе од четири месеци конечно славеше во Лигата на шампионите, совладувајќи го Елверум со 35:32 во арената „Јане Сандански“ и оставајќи му го дното во групата А.



„Црвено-црните“ повторно имаа многу проблеми со гостите од Норвешка, го загубија првото полувреме со 20:17, а губеа и со 32:31 во 56. минута, но со четири постигнати гола без примен до крајот ја прокнижија првата победа по таа над Флензбург од 15 октомври.

Вториот триумф во ЛШ сезонава го искачи македонскиот шампион на претпоследното место со 6 бода, еден повеќе од Елверум, од кој тимот на Стевче Алушовски има и еден меч помалку.

Тимур Дибиров со 9 гола повторно беше најдобра во вардаровиот напад, го следеше Гоце Георгиевски со 6, а значаен придонес за победата има и голманот Робин Кантегрел со неговите 5 одбрани, од кои 3 во финишот.

Според распоредот, Вардар ќе биде домаќин и трет пат во низа на 4 март против Мешков Брест.