Ван Ден Берг: Ќе објави ли Мијалков тајни информации ако биде осуден?

Холандскиот експерт за Балканот и шеф на организацијата БИП Ханс Ван ден Берг поставува дилема дали доколку Сашо Мијалков биде осуден тој ќе открие тајни информации.



Ван Ден Берг преку анализа на текст на Агенцијата Мета која според него сакала да прикаже дека се кренало „многу врева за ништо“

Тој тврди дека македонските граѓани и набљудувачите на Македонија требало да се убедат да веруваат дека Мијалков живеел одредено време без никаков контакт со неговата околина (што вклучува луѓе од обезбедувањето, бизнисот, политиката итн.) И дека немал идеја што се случувало.

“Дали е лажно или неуспешно бегство?Мијалков сигурно уживал во шоуто, каде што сите покажуваа на некој друг и никој не беше подготвен да преземе одговорност / да покаже одговорност. Во меѓувреме, сагата продолжува. Доколку биде осуден, Мијалков може да не објави тајни информации. Дали?”, прашува Ван Ден Берг по вчерашното предавање на Мијалков кој во петок ќе ја чуе пресудата за случајот Таргет-Тврдина.