До вчера закани, по бегството на Мијалков молк: Мериот коалицијата во “аут”

Новинарот Љупчо Златев открива дека по бегството на екс шефот на УБК Сашо Мијалков во иницијативата за конгрес на групата позната како Мериот според неформалниот лидер на групата владее молк.



Дури ги нема и вообичаените закани што предходно ги добивал.

“До вчера јавно ми се закануваа секогаш кога ќе го споменев името на криминалецот Мијалков.
Ботовите нивни на Твитер се и сешто за мене пишуваа.
Денеска ги нема нигде. Спуштаат па исклучуваат телефони.
Еве јавна покана, кој сака од нив во Радио Лидер, колку сака време да одговара како завршил на тоа да се стави да во позиција да биде предмет со кој ќе се пазари еден монструозен криминалец?”, пишува уредникот на Радио Лидер.

Златев најавува дека вечерва како гостин на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ ќе открие екслузивни информации за бегството на Мијалков.