Во текстот се тврди дека четири илјади и триста евра од службената картичка на екс-министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска се одлеале на сметката на прочуениот ланец хотели „Хилтон“ за само еден ден.
Во истражувањето не се наведува дали оваа сума е потрошена за спиење на еден човек или цела делегација ниту пак се прецизира дали со неа биле покриени трошоци на некој настан или други активности како вечера или прием.
„Хилтон“ не бил единствената дестинација на екс-министерката, која била чест гостин и на прочуените хотели „Шератон“ и „Риц“ во европските и светски метрополи. За ноќевање во овие хотели била плаќана сума од 300 евра од вечер.
Многу почесто според тврдењето на Scoop.mk таа плаќала во шопинг центри и продавници отколку за престојот во познатите туристички места и метрополи.
Картичката најчесто била трошена во странство, поретко дома. А тука, најчесто во познати ресторани, но во еден наврат и во познатата книжарница „Просветно дело“.
Со трошоците стигнувале и опомени и затезни камати, поради ненавременото уплаќање на рати на „Дајнерс Картичката. Еден од долговите е на сума од над 500 евра. На истата оваа картичка вадела кеш, но и уплаќала пари.
Реакција на Канчевска
Екс-министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска ги демантирала документите добиени од новото раководство во Министерството за култура. Таа тврди дека дел од трошоците се направени од нејзината лична сметка. Ветила дека во текот на утрешниот ден ќе ги достави сите сметки кои ги направила додека ја извршувала функцијата министерка за култура на Република Македонија
Целото истражување на следниот линк на scoop.mk





