Владејачката СДСМ се огласи по објавата на ЛДП дека нивните двајца пратеници ќе делуваат самостојно.
„ЛДП има право самостојно да одлучува за својот партиски пристап кон јавноста, но тоа никако не влијае во односите на коалицијата и активностите што се пред нас.
Постојаното пласирање лажни вести се само за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ“, се наведува во партиското соопштение од СДСМ.






