Поради пандемијата од коронавирус, како и мерките против неа и ограничувањата во државите и во компаниите, минатата година во светот без работа останале 114 милиони луѓе.
Анализата на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) покажува дека најпогодени биле ниско и средноквалификуваните, жените, самовработените и младите.
Во однос на 2019 година најмногу загубени работни места бележи Америка, а најмалку Централна Азија и Европа, каде што се спроведени активни мерки за задржување на работата со скратување на работното време и со финансиска поддршка на претпријатијата и на работниците, оценува ИЛО.






