По првите сто дена од работата на новата бугарска влада популарноста на владиниот кабинет пораснала за 7 % а главна причина за тоа е потпишувањето на договорот за пријателство со Македонија.
Според истражувањето на „Барометар Бугарија“ спроведено од 11 до 15 август 42 % од Бугарите сметаат дека Борисов и неговата влада добро ја вршат работата што е пораст од 7 % во споредба со периодот од пред формирање на владата.
Околу 10 % од граѓаните велат дека немаат мислење за владата а 48 % не ја одобруваат работата на владата.
За прв пат од владеењето на Симеон Сакскобургски една влада во Софија има раст на рејтинот по првите сто дена а главна причина за тоа според истражувањето е потпишувањето на договорот со Македонија кој што е широко прифатен од бугарските граѓани а со кој Скопје прифаќа заедничка историја со источниот сосед.
Според истражувањето договорот директно влијае на зголемување на рејтингот на премиерот Борисов кој го потпиша во Скопје како и на целиот владин кабинет.
Растот на популарноста на министерската за надворешни работи Екатерина Захариева се должи и на нејзините активности за издавање на бугарски пасоши на граѓани од Македонија, Албанија и други соседни држави.





