Новинарот Ивор Мицковски реагира на актуелната ситуација и „калкулации“ во врска со набавка на толку потребните анти-ковид вакцини во услови кога трката на „берзата“ по лек за пандемијата ги надминува границите на цивилизирано и хумано однесување.
„Силно ја осудувам злоупотребата при процесот на набавка на вакцините.Ја осудувам неодговорноста да не се реагира навреме кога ни се нуделе во есен руски вакцини, а сега се открива дека ни се нуделе и кинески по цена од 2€ парче.
Првите дрско ги одбивме, за вториве отворија приватен субјект за нивна набавка, кога во цел свет државата ги набавува вакцините.Ќе видиме колкава ќе биде разликата во цената, ќе се дознае.
Ги осудувам сите небулози на нашите функционери, а особено оние на Заев дека немаме вакцини затоа што сме внимавале да не имаме премногу.Ја осудувам пропагандата и помпата со која се обидуваат да ја покријат својата неодговорност и неспособност.
Ги осудувам за овој злостор и негрижа за својот народ и својата држава“, објави Мицковски на Фејсбук.
Сличноста на насловот со еден историсриски од Емил Зола е само случан Р.Е.






