По коронанавирусот го добивме и „британскиот“

Во рок од два дена е забележано зголемување од 30% на заразените со британскиот сој на вирусот во Македонија.



Министерот за здравство Венко Филипче смета дека нема потреба од нови ограничувачки мерки, уверувајќи ја јавноста дека државава во моментов има доволен капацитет за третман на заболените.

Вакцинацијата на здравствените работници продолжи и денеска. Бројот на медицински лица кои се вакцинирани надмина 700. Процесот ќе продолжи во понеделник.-