Владата ќе именува функционери кои во еден мандат ќе земат по 135 илјади евра

На предлог на Владата Собранието ќе именува два члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија кои ќе земаат астрономски плати.



Преку јавен оглас владата бара двајца кандидати кои планира да ги именува за членови во Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Членовите што ги бара владата ќе работат за 5 просечни плати во земјата месечно односно ќе добиваат максимални 140, 000 денари или околу 2300 евра секој месец што на годишно ниво е околу 27500 евра

Вкупно за еден мандат од 5 години секој член ќе добие по околу 135 илјади евра на име на плата.

Ако членовите бидат избрани два пати ќе добијат по 270 илјади евра.

При изборот на членовите ќе се земе предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници а мандатот трае пет години.

Регулаторната комисија за енергетика е составена од седум члена од кои еден е претседател.

Нето платата на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија не може да биде повисока од збирот на пет просечни месечни нето плати исплатени во Република Македонија во претходната година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика.

за именување на два члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија

На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе именува два члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници, со мандат од пет години.

Регулаторната комисија за енергетика е составена од седум члена од кои еден е претседател.