Министерот за здравство Венко Филипче со својата денешна изјава признава дека има манипулации и нерегуларности при вакцинирањето на граѓаните.
“Силно ја осудувам злоупотребата при процесот на вакцинирање! Во овој момент клучно е да се вакцинираат приоритетните групи на граѓани, а поради тоа е изготвен и самиот Национален план за вакцинација. Ќе се ревидираат листите на вакцинирани и секој што ја злоупотребил својата позиција или контакт ќе биде соодветно санкциониран”, напиша Филипче на социјалните мрежи.
Предходно во јавноста имаше шпекулации дека високи државни и партиски функционери ургирале за нивни блиски луѓе и за нив да бидат вакцинирани пред граѓаните кои се во најранливите и најзагрозени категории.






