Запознавање на интернет чинеше скапо 26-годишен македонски државјанин од јужногерманскиот град Бад Верисхофен, кого жена од Македонија го измамила за 2.000 евра, пишува „Аугсбургер алгемајне“.
Тој се запознал со, наводно, млада жена од матичната земја, која за неколку недели ја стекнала неговата доверба и во повеќе наврати издејствувала од него трицифрени износи онлајн.
За да може да ја запознае и „во живо“, тој префрлал пари за авионски билет и за други божемни трошоци наведени од неговата замислена „кралица на срцето“.
Кога му станало јасно дека ни од потенцијалната љубовница, ни од парите нема ништо, измамениот пријавил во полицијата во Кемптен.





